ЕкономијаПравдаСветСиндикат

Само 20 % од огласите за работа во Брисел се транспаретни околу платите

ЕТУК - Работник
93views

Само една петина од огласите на најголемите бриселски веб страни за вработување се транспарентни во однос на преголемите плати, тренд којшто придонесува за 16 процентиот јаз во платите во Европа, велат од Европската Конфедерација на синдикати – ЕТУК.

ЕТУК анализирал 100 огласи за работа на веб страните Еуробраселс и Еуроактив во првиот дел од февруари и пронашол дека само 19 од нив даваат детали за опсегот на платите.

Повеќето од нив не давале детали за плататите кои кандидатите може да ги очекуваат, додека другите навеле дека нуделе „компетативни“ пакети базирани на искуство.

Овие практики, според ЕТУК, ги отвораат вратите на родовата пристрасност и дискриминација, понекогаш несевесно и придонесуваат за родов јаз кој се движи помеѓу 28 % во Естонија до 8 % во Романија.

Од ЕТУК бараат и мерки како: забранување на клаузулите за тајност на платите, задолжителни годишни ревизии на плати (вклучувајќи ги и сите бонуси) поддржани со казни за непочитување, право на работниците да бараат податоци за плати на колегите, вклучително и информации за родови плати, поддршка за колективно договарање како најдобар начин да се елиминира родовиот јаз во платите, спречување на работодавците кои се кријат зад приватноста и заштитата на податоците или административниот товар за да избегнат транспарентност во плаќањето.

Имено, утре ЕТУК ќе одржи театрска визуелизација пред Европската комисија во знак за барањето да се стави крај на „таинственоста на платите“ поради преголемите плати.