Занимливости

Сандра Булок донираше 6,000 заштитни маски за здравствените работници во Лос Анџелес

Сандра Булок донираше - Работник
107views

Глобалната пандемија на корона вирусот целиот свет ја дочека неподготвен, како и здравствените работници во сите земји се борат со недостаток на заштитна опрема.

Со желба да помогнат, многумина познати личности донирале пари со цел да помогнат на здравствените установи, економиите или директно на граѓаните, како кој може.

Актерката Сандра Булок успеала да набави 6,000 Н95 заштитни маски кои ги донирала на здравствените работници во Лос Анџелес.