Економија

Светска банка: Четвртина Македонци се иселени од државата

Светска банка: Четвртина Македонци се иселени од државата - Работник
259views

Најновиот извештај на Светската банка „Миграцијата и одливот на мозоци во Европа и Централна Азија“ покажува дека четвртина Македонци родени во државата, односно 25,7 отсто се иселени од неа.

Македонија е четврта по бројот на иселени луѓе, а прва е Босна и Херцеговина, од каде се иселени половина од населениот родено во земјата (49,5 %).

Од Хрватска се иселило петтина од населениот, а земјата има највисока стапка на емиграција по Малта во Европската Унија. Истиот случај е и со Црна Гора каде петтина од населението е иселено.

Кај некои земји на Балканот и во Источна Европа со ниски приходи забележано е високо иселување на висококвалификувани работници.

Со високо образование од Македонија се иселиле речиси 40 проценти, а тоа е забележано и во Албанија, Казахстан, Молдавија и Романија.

„Заклучно со 2017 година, повеќе од една третина од универзитетски образованите работници од Република Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина живееле во странство.“

Стапката на иселување не е рамномерна кај професиите, вели Светската банка.

Во 2017 година, околу 70 проценти од вработените во високообразовниот систем на Северна Македонија планирале да емигрираат; 20% од нив веќе имале аплицирано за работни места во странство, се вели во извештајот.