- Advertisement -
ПравдаСветСветот на работникот

Светска пракса: Можат ли малите деца да го поминат целиот ден под маска?

Светска пракса - Работник
143views

Носење маска, држење дистанца, редовна хигиена на раце. Светот се подготвува за најнеобичниот старт на учебната година, која во Македонија ќе доцни еден месец.

Повеќето европски држави во веќе утврдените протоколи го прифатија советот на Светската здрвствена организација, маски да носат само децата над 12-годишна возраст.

Advertisement

Таков е случајот со Холандија каде Владата не го направи задолжително носењето на маски, основните и средните училишта ќе обезбедат нормален број на часови за сите ученици.

Данска е една од земјите во чии протоколи е утврдено само често миење на рацете и чување на децата во помали групи со помалку меѓусебни контакти.

Advertisement
Advertisement

Во Франција пак маските во затворен простор се задолжителни само за наставниците и за учениците над 11 години. Сите останати ќе треба да одржуваат дистанца од најмалку еден метар.

За време на часовите маски нема да носат ниту учениците во Германија, протколите таму предвидуваат заштита на лицето само во ходниците и заедничките простории.

Носењето маски за деца над 6-годишна возраст е воведено само во Италија и Шпанија, каде ќе се инсистира и на поголемо одржување на наставата во природа.

Образовните асоцијации веќе предупредуваат дека оваа учебна година нема да биде воопшто лесна за наставниците и професорите кои за целото времетраење на часовите ќе треба да внимаваат на хигиената.

Според протоколите кои вчера ги увои македонската влада, учениците до трето одделение се враќаат во училишните клупи на 1 октомври.

Маските ќе се носат за време на целата настава која ќе биде со скратени часови од по 30 минути, со најмногу 20 ученици во затворена просторија и дистанца од 1 ипол метар.

Извор: Сител

Advertisement