МакедонијаСиндикат

СГИП: Менаџментот на Мермерен Комбинат АД Прилеп ја спречува комуникацијата на вработените со синдикатот

СГИП: Менаџментот на Мермерен - Работник
50views

Сакаме да ја информираме целата Македонска јавност како и институциите на системот за случувањата помеѓу синдикатот и менаџментот на компанијата Мермерен комбинат АД Прилеп, велат од Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање.

Според СГИП нво повеќе наврати се спречува комуникација помеѓу претставниците на синдикатот и вработените. Сакаме да потсетиме дека согласно Конвенцијата 87 на МОТ, Законот за работните односи, Општиот колективен договор за приватниот сектор како и Колективниот договор на ниво на компанија во Мермерен комбинат, имаме загарантирано право на непречена комуникација која задолжително треба да се овозможи од страна на работодавачот. За жал ова е спречено од страна на менаџментот во една компанија која е високо профитабилна и со странски капитал, но уште повеќе активностите се спречуваат од домашниот менаџер. Исто така потсетуваат дека синдикатот овие посети ги бара со цел да ги дознае моменталните случувања на вработените, нивните барања во однос со правата од работен однос, поголеми плати и надоместоци, услови за работа, безбедност и здравје при работа, бенефициран стаж кој за жал не го добиваат од 2013-та година и се што е поврзано со работниците и нивното информирање и консултирање.

„Ова како претставници на синдикатот ни дава сомнеж дека работите не се онакви какви што ги претставува работодавачот па постои страв од синдикатот изворно да ги слушне вработените кои со собрани 200 потписи се обратија до синдикатот“, велат од СГИП.

Тие истакнаа дека што се однесува до Трудовиот инспекторат од Прилеп, исто така постапува како да ги заштитува работодавачите, а не вработените. Не сакале да констатираат прекршок во текот на нивната посета туку оствариле индивидуална средба со директорката. Потсетуваат дека нема да запрат до крајната инстанца во нашата држава да ја исправат оваа неправда кон вработените во Мермерен комбинат АД Прилеп и ги охрабруваме да останат со синдикатот за надминување на сите прашања и проблеми кои се провлекуваат овие неколку години. Апелираат да бидат истрајни во барањата кои ќе ги надминеме ако треба повторно и по судски пат, бидејќи, како што рекоа, имале повторно преставка до Државен инспекторат за труд – Скопје каде бараат да се постапи согласно Закон и да се донесе Решение со кое ќе се констатира прекршок за горенаведените барања, да се изрече санкција и да се задолжи работодавачот да ги отстрани неправилностите при работењето.