МакедонијаСиндикат

СГИП со нови успеси на меѓународно ниво

СГИП со нови успеси на меѓународно ниво - Работник
339views

По изборот на Ивана Димитрова како претставник на СГИП, за Член на Женскиот регионален комитет и воедно Потпретседател на Европскиот женски комитет, СГИП доби уште едно големо меѓународно признание за својата работа во борбата за остварување на поголеми права за сите работници, пишува на веб страната на Сојузот на синдикати на Македонија – ССМ

Даниела Милоска – Координатор на Секцијата на млади при СГИП, а воедно и член на Советот на СГИП, во Стокхолм беше избрана за Член на Група 6 како и за Заменик член на Младинскиот комитет на Меѓународната организација за градежништво и дрвна индустрија – BWI.

Ова е валоризација на активностите на Синдикат за Градежништво, Индустрија и Проектиање на Македонија – СГИП, но воедно и одговорност за нашето делување во иднина, што беше препознаено од Меѓународната организација за градежништво и дрвна индустрија – BWI.

Извор: ССМ