- Advertisement -
ЕкономијаМакедонија

СДСМ нема пари за заштитна опрема за лекарите и полицијата

174views

Светот и Република Македонија се соочуваат со корона криза. Најголемиот предизвик на поновото време.

И додека  здравствените работници, полицајците, комуналните работници, производителите и сите ние граѓаните помагаме и биеме сериозна битка, погледнете како власта ја злоупотребува оваа ситуација и во изминатите денови се обидуваше да протурка нешта кои не сакаат вие да ги видите.

Advertisement

Додека луѓе губат работни места, власта исплаќа 2 милиони евра за службениците на компромитираното СЈО. Владата не набавува основна опрема за заштита здравствените работници, ама набавува три тони кафе и половина тон бадеми, лешници, ф’стаци и индиски оревчиња. Полицајците не добиваат заштитни маски, но тендери во Скопје добиваат струмички фирми блиски до Заеви. Додека власта вели дека нема пари за набавка на тестови за граѓаните, таа со 2 милиони евра реализира „нишај врата –  земај плата“  партиски вработувања. Нема државна помош за да се спасат фирмите како што бара стопанството, но има стотици илјади евра за скапи патувања и ручеци на државна сметка.

Секоја војна има воени профитери, овие од СДСМ се најголемите, со традиција се.

Advertisement
Advertisement