ЕкономијаМакедонија

СДСМ: Ослободување на компаниите погодени од кризата од плаќање на данок на личен доход, државата ги спасува работните места

СДСМ: Досега - Работник
65views
Со цел полесно и ефикасно пребродување на економските последици кои ги донесе коронавирусот, Владата на Северна Македонија предводена од СДСМ постави приоритетни и јасни цели, а тоа е спас на секое работно место и на секоја компанија. 
Во насока на полесно надминување на последиците од кризата, донесена е и Уредба со законска сила со која се предвидува ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход и данок на добивка за месеците март, април и мај 2020 година. А истите се наменети за правните лица директно погодени од корона кризата.
Веќе се одобрени и 254 кредити за мали, микро и средни компании од бескаматната кредитна линија на Развојната банка. А досега поднесени и во фаза на разгледување до Развојната банка се над 1.050 барања за бескаматни кредити.
Во тек е вториот пакет на економски мерки кој вклучува 14.500 денари месечно по вработен, помош за спортисти од 14.500 денари, помош за уметници и паричен надоместок за граѓаните што останале без работа поради кризата.
Ова се само мал дел од мерките кои имаат за цел помош на домашнитекомпании и спас на секое работно место.
Во подготовка е нов пакет на суштински мерки и политики кои ќе обезбедат дополнителна помош за домашната економија.
СДСМ во изминатите две и пол години создаде силна и стабилна економија подготвена да се справи и со сериозни економски предзвици како оваа глобална криза.
Со одговорно, домаќинско и правилно управување со јавните финансии, ќе ја надминеме оваа криза, со што помали последици врз стопанството и граѓаните