- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаПравдаСветот на работникот

СДСМ повторно покажа дека се грижи само за профитот на најпрофитабилните фирми!

Работеле на 40 часа - Работник
402views

Иако владините мерки беа најавени за најпогодените фирми да можат полесно да ја пребродат економската криза предизвикана од пандемијата, сепак Владата предводена од СДСМ при услови на избркани илјадници работници одлучи да го спасува профитот на најпрофитабилните компании, додека егзистенцијата на мнозинството граѓани е сериозно загрозена, истакнаа од Левица.

“Имено, на листата на фирми кои добиле државна помош поради негативните ефекти од пандемијата врз економијата, високо котираат фирми кои се сопственичко-управителски поврзани со луѓето блиски до Заев и СДСМ, како и луѓе кои директно или индиректно биле или моментално се дел од Владата предводена од СДСМ и ДУИ”, велат од Левица.

Advertisement

Според нив, најдобар пример за тоа е доделувањето на над еден милион државни пари за да се помогне во работењето на фирмата „Кромберг и Шуберт“ од Битола, фирма која овој период оставила огромен број на работници на улица поради причини само за нив познати! Потоа, доделени се околу 140 илјади евра за финансирање на приватната болница „Аџибадем Систина“, која што е во сопственост на Орце Камчев, познат на јавноста од скандалот со случајот „Рекет“. Следен кој што добил огромна државна помош е поранешниот вицепремиер – Кочо Анѓушев кој што доби над 100 илјади евра државна помош. Потсетија дека истиот Кочо Анѓушев на самиот почеток од кризата поради пандемијата остави на улица стотици неисплатени работници од неговата фирма „Каст Инвест“, а во врска со конкретната фирма која добила државна помош – „Брако“, голем дел од вработените се пожалија на непочитување на мерките за заштита и превенција, за кое од Левица реагирале до Трудовиот и Пазарниот Инспекторат. Останати правни субјекти кои добиле државна помош се разни обложувалници и казина, како и превозникот „Дурмо Турс“ добро познат во јавноста по контроверзната сообраќајна несреќа заради која обвинителството поведе кривична постапка.

Се поставува прашањето колку работни места се заштитени со ваквите исплати и според кои параметри може да се утврди целисходноста на ваквото трошење буџетски пари под плаштот на Ковид-19? Дополнително, дали и на каков начин ќе бидат помогнати најпогодените дејности од кризата, како угостителите, занаетчиите, земјоделците, бројни микро-претпријатија бидејќи нив речиси и ги нема на оваа листа?, прашуваат од Левица.

Advertisement

Бројните отворени прашања се многу индикативни и оставаат  премногу простор за оправдано сомневање дека оваа “помош“ е по мерка на крупниот капитал, а не во функција на намалување на последиците од кризата предизвикана од мерките за спречување на пандемијата, посочија од Левица.

Advertisement