ЕкономијаМакедонија

СДСМ: 5.726 самохрани родители ќе добијат платежни картички преку четвртиот пакет мерки на Владата

Пратениците да гласаат за ребалансот - Работник
206views
Владата предводена од СДСМ во текот на пандемијата со коронавирусот континуирано им помага на сите, на коишто им е потребна помош на граѓаните и на компаниите за ублажување на негативните последици.
 
Со ребалансот на Буџетот за 2020 година, се обезбедуваат 470 милиони евра за реализација на мерките од четвртиот пакет за помош и поддршка, кој обезбедува значајни средства за поддршка на економијата, за спас на работни места, за зајакнување на приватната потрошувачка.
 
Измените и дополнувањата на Буџетот за 2020 година треба да бидат усвоени во Собранието за да можат 283.000 граѓани да добијат домашни платежни картички во вредност од по 6.000 денари.
 
Домашни платежни картички ќе добијат 5.726 самохрани родители, како поддршка во справувањето со последиците од економската криза. Тоа ќе значи зајакнување на семејните буџети на над 5.700 семејства и поттикнување на приватната потрошувачка.
 
Платежни картички ќе добијат и пензионерите со пензии пониски од 15.000 денари, пасивните баратели на работа, самостојни уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници, како и 540 студенти, но и граѓаните кои се над 64 години, а немаат пензија, ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари, или воопшто немаат приходи.
 
СДСМ како одговорна партија продолжува со креирање и спроведување на мерки и политики за помош и поддршка на погодените со пандемијата, продолжува со вистинска грижа за сите.