ПравдаСветот на работникот

СЕГА: Младите се многу малку информирани за работничките права

СЕГА: Младите - Работник - Фото: Академик
188views

Резултатите од овој проект, заеднички со препораките за продолжување на оваа тема не се важни само за младите луѓе, туку и за сите вработени.

Нивото на информираност на младите од земјава за нивните работнички права се на многу ниско ниво, покажува истражувањето на Центарот за напредни студии на Југоисточна Европа – Универзитет Риека од Хрватска, спроведено во рамки на проектот „Права на работа, работата за правата”.

Како што информираат од Коалицијата на младински организации СЕГА која е еден од десетте партнер-организации, проектот се имплементира од декември 2018 година и почна со истражувањето на млади вработени за тоа колку ги користат своите права од работен однос и положбата во нивното работно опкружување. Истражувањето е спроведено на 1.000 млади вработени во јавниот сектор

-Следејќи ги потребите на младите анкетирани, обучени врснички едукатори – млади активисти на синдикатите од вклучените земји во текот на летото разговараа за најразлични теми кои ги засегаат младите а тоа се мобингот, правото на породилно отсуство, боледувањето, употребата на слободни денови за дополнително образование и многу други прашања од областа на Законот за работните односи. Повеќе од 200 млади луѓе од Македонија досега учествуваа на овие работилници и добија информации од прва рака, наведуваат од СЕГА.

Наспроти работата со младите, проектот изработи информативен и едукативен видео материјал, како и брошура „Водич низ правата од работен однос на младите, појави кои ги загрозуваат и механизмите на заштита” која е со бројни примери од пракса, а направена е на јазик разбирлив за младите.

-Резултатите од овој проект, заеднички со препораките за продолжување на оваа тема не се важни само за младите луѓе, туку и за сите вработени, а ќе бидат претставени на завршната конференција која ќе се одржи во Белград на 28 – 29 ноември, со претставници на меѓународни институции и државните органи од секоја држава. Идејата на проектот е да ја подигнеме свеста на младите вработени, со намера да се подигне свеста и во работното опкружување. СЕГА ќе продолжи да работи на оваа тема, вели извршниот директор на СЕГА и координатор на проектот, Зоран Илиески.

Извор: Канал 5