Седница на Економско – Социјалниот Совет
Во Министерството за труд и социјална политика денеска ќе се одржи седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС), со која ќе претседава министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи.
Економско-социјалниот совет е трипартитно тело, формирано од Владата и социјалните партнери за водење социјален дијалог, заради создавање услови за економска и социјална стабилност.
Разгледува законски и други прописи, национални стратегии и програми што се во врска со економско-социјалните интереси на работниците и работодавачите, проекти и материјали од економската и социјалната сфера. Притоа се носат соодветни предлози, мерки и заклучоци, а тие во однос на законските прописи се доставуваат до Владата и Собранието.
Составено е од по четири членови именувани од Владата, репрезентативните здруженија на работодавачи и синдикати.
- Мицкоски по состанокот на ЕСС: Очекувам наредната година да имаме раст кој ќе го почувствуваат граѓаните преку повеќе пари, подобри услови за бизнис и поефикасни услуги - 06/12/2024
- Во октомври зголемен бројот на слободни работни места во САД - 05/12/2024
- Во петок прв официјален Економско социјален совет - 05/12/2024