ЕкономијаПравда

Седум најважни реформи на ЕУ во последните пет години

Седум најважни реформи на ЕУ во последните пет години - Работник
304views

Од забранување на пластични сламки, преку реформи за авторските права, до крајот на „роамингот“ – во прилог ви претставуваме седум од стоте законски акти кои ги усвоила Европската Унија, во последните пет години.

При крајот на март, усвоена е забраната за пластични производи, наменети за еднократна употреба, во процедура пократка од една година, што е знак за широк консензус во тој поглед. Сламките, стапчињата за мешање на кафе и стапчињата за чистење на уши, држачите за балони, но и амбалажата за храна од експониран полиестер ( познат како стиропор во кој се нарачува храна од ресторан), ќе бидат забранети во ЕУ од 2021 година.

Што се однесува до пластичните шишиња, тие ќе мора подобро да се рециклираат, додека индустријата за цигари ќе мора да придонесе за подмирување на трошоци за собирање и рециклирање на отпушоците.

Иста работа, иста плата

Реформата за иселеничката работа е усвоена во 2018 година, за да се стави крај на злоупотребите. Се работи за шема која му овозможува на европскиот работник привремено да работи во некоја друга земја членка и истовремено да биде врзан за социјалниот систем на својата земја.

Реформата која била пропратена од судир помеѓу западноевропските и источноевропските држави, се стреми кон гарантирање на „еднаква плата за еднаква работа“. Максимален дозволен период за иселеничка работа е 12 месеци, а може да се продолжи на шест месеци. Сеуште се преговара за посебните одредби за транспортните превозници.

Авторски права

Реформата за авторските права е усвоена во 2019 година, по битката помеѓу медиумите и уметниците од една страна и интернетските гиганти и борците за слобода на интернетот, од друга страна.

Една од клучните одредби на платформата на интернетот ги смета за законски одговорни оние кои објавуваат на нив, па мораат да водат сметка за почитување на авторските права. Другата одредба воведува авторски права на сродните или соседните права таканаречени „данок на линкови“ по кои весниците, магазините и новинските агенции мораат да добиваат надомест за авторски права кога Гугл Њуз или другите интернет страни споделуваат линкови од нивните статии, вклучувајќи ги и кратките исечоци од статијата.

Лични податоци

ЕУ направила голем чекор со усвојувањето на пакет правила за заштита на личните податоци на Европејците, во време на дигитализација. Се работи за одредба на лични податоци (ГДРП) која се применува од крајот на мај 2018 година.

Со неа се зајакнати некои од правата, како правата на корисниците на интернетот, да знаат кои ги одработува нивните податоци и со која цел и да бидат информирани за каква да било кражба на податоците. Компаниите што нема да ја почитуваат оваа одредба ќе бидат во ризик да добијат казна од 4 % од нивниот глобален промет.

Крај на „роамнигот“

Крајот на трошоци за „роамингот“ е една од најконкретните реформи, во последните години за европските потрошувачи. Од јуни 2017 година, тие можат да ги користат националните мобилни тарифи на подрачјето на целата Унија без дополнителни трошоци.