- Advertisement -
ЕкономијаСветСветот на работникот

Секој втор Австриец сака работна недела од 30 часа

Секој втор Австриец - Работник
238views

Актуелно истражување на јавното мнение во Австрија покажува дека вработените, но и работодавачите, во најголем дел ја поддржуваат работната недела од 30 часа. 

Инаку, со месеци во оваа земја се води дискусија за намалување на работното време. 

Advertisement

Дури 49 отсто од вработените се изјсниле за работна недела од 30 часа, а 23 отсто за работна недела од 35 часа.

Околу една петина т.е. 18 отсто се изјасниле за актуелната работна недела од 40 часа. За работна недела од 20 часа се изјаснил секој десет испитаник на порталот „karriere.at“. 

Advertisement
Advertisement

Кај работодавачите дури 60 отсто се изјасниле за намалена работна недела од 30 часа. За актуелната недела од 40 часа, се изјасниле 12 отсто, додека минимално намалување на 35 часа поддржал секој петти работодавач. 

„Корона кризата многу работодавачи ги направила пофлексибилни“, констатира Томас Олбрих од „karriere.at“.

Тој укажал дека тоа што вработените бараат пократка работна недела, не значи дека не сакаат да работат, туку напротив, покрај главната работа, да можат да се бават уште со некои самостојни проекти. 

На политичко ниво, лидерката на Социјалдемократската партија (СПО), Памела Ренди Вагнер веќе подолго време се залага за четиридневна работна недела, идеја која досега била одбивана од Стопанската комора. 

„Тој модел е модерен и овозможува поголема флексибилност и за работодавачите и за вработените“, објаснила таа. 

Advertisement