- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Секој трет работник останал без работа – корона кризата ја клекна на колена Црна Гора

Секој трет работник - Работник
65views

Во Црна Гора, од март до ноември дошло до зголемување на невработеноста од 11,000 лица или 31,6 отсто, соопштила помошникот директор во Секторот за исплата од областа на вработување во Заводот за вработување на Црна Гора (ЖЗ) Светлана Крговиќ.

Таа, како што се наведува во соопштението на Заводот, рекла дека е прекинат позитивниот тренд на намалување на невработеноста кој е регистриран од декември 2017 година. 

Крговиќ, со останатите претставници на Заводот, по пат на ЗУМ апликација учествувала на стручна конференција на Центарот за јавни служби за вработување на Југоисточна Европа (ЦПЕШЕЦ), чиј домачин била бугарската агенција за вработување. 

„Претставниците на службата за вработување на земјите членки на ЦПЕШЕЦ размениле искуства за управување со последиците во ек на криза, улогата на јавните служби за вработување во опоравувањето и иднината на пазарот на трудот, како и за спорведување на активните мерки на пазарот на трудот во текот на криза“, рекле од Заводот. 

Заеднички е оценето дека јавните служби за вработување, во борба против кризата, покажале прилагоденост и отвореност кон предизвиците на пазарот на трудот.

Главните цели во претстојниот период ќе бидат мерки и програми за поддршка на работодавачите и барателите на работа, стратегии за успешно опоравување од кризата, екологијата и дигитализацијата во рамките на вработувањето. 

Advertisement