- Advertisement -
НовостиСветСветот на работникот

Сексуалните работници во Холандија се враќаат на работа

Сексуалните работници - Работник
411views

Сексуалните работници оваа недела се враќаат на работа со падот на бројот на лица заразени од Ковид-19, објави денеска холандскиот министер за здравство Хуго де Јонг.

Проституцијата во Холандија е легална, но беше забранета од средината на декември, кога властите воведоа ограничувања за борба против пандемијата на коронавирусот.

Advertisement

Сексуалните работници протестираа во Амстердам во март, тврдејќи дека биле дискриминирани затоа што властите дозволиле отворање на други услужни дејности каде што исто така се остваруваат „контакти” со клиенти, како што се фризерски салони и салони за масажа.

За време на затворањето, Владата им понуди ограничена финансиска помош на сексуалните работници кои имаат важечки договор за работа и можат да докажат дека изгубиле најмалку 20 проценти од своите приходи поради пандемијата.

Advertisement
Advertisement

Де Јонг рече дека стапката на вакцинација која сега е постигната овозможува Владата да продолжи да ги олеснува мерките.

Тој најави дека во среда ќе бидат отворени и зоолошките градини, фитнес центрите и базените, бидејќи вакцинацијата на населението го намали притисокот врз болниците.

Од почетокот на пандемијата, потврдено е дека 1,6 милиони луѓе се заразени во земјата со 17 милиони жители, а повеќе од 20.000 починаа.

Advertisement