МакедонијаСиндикат

Секцијата на млади на ССМ стана полноправна членка на Младинскиот Совет на Македонија

Секцијата на млади на ССМ стана полноправна членка на Младинскиот Совет на Македонија - Работник
274views

На 12.5.2019 година, по низа консултациски процеси, Секцијата на млади на Сојузот на синдикати на Македонија стана полноправна членка на Националниот младински совет на Македонија (НМСМ). НМСМ е претставничко тело на младинските организации во Македонија, кое обединува преку 50 младински организации, со цел да се промовираат и застапуваат младите и правата на младите во државата, пишува ССМ на веб страната.

Со овој чекор, СМССМ станува релевантен фактор во креирањето на младинските политики на национално ниво, доближувајќи ги активностите на СМССМ до сите младински организации во земјата. Соработката и вмрежувањето со организации кои опфаќаат младински политики и спроведување на истите е една од активностите на СМССМ во насока на приближување на синдикатот до младите луѓе во Република Северна Македонија, како и разбирање на неопходноста од синдикалното организирање кај младите луѓе, истакнуваат од ССМ.

Извор: ССМ