МакедонијаПравдаСветот на работникот

Селективно се делат пари во Агенцијата за филм, актерите и режисерите го кренаа гласот против Тозија

71views

Актери и режисери се кренаа против директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија. Гневни се оти милиони евра завршуваат во џебовите на одредени филмски работници и тоа по неколку пати годишно. Која е комисијата што селектира, зошто Тозија работи против нас, прашува актерот и режисер Висар Вишка.

  • Се разбира дека главата на таа институција е првиот виновник. Неколку пати му е кажано дека треба да смени а не да продолжи по старо, но истото продолжува. Сега ја крие комисијата, кое што е тотално неразбирливо во една државна институција да криеш комисија, демек ја чува од некакви влијанија или незнам. Ако некој неможе да ги сноси секакви надворешни влијанијата од надвор тој не треба да биде во една комисија или да биде глава на една институција. Секој со чист образ треба да стои поради својата одлука и да може да ја одбрани својата одлука. И тој намерно го прави,бидејќи секогаш се крие позади некаква комисија кој никој не ја знае, а уствари одлуките не се ни на комисијата не ни знаеме кој одлучува, а ние интимно знаеме кој одлучува и кој ќе добие пари уште пред да се објават резултатите – вели за Алфа, Висар Вишка.

Вишка не гледа спас во надлежните, инспекторат и од министерството, оти сите се поставени од една иста Влада.

  • Тој е одбран од Влада на Република Македонија. Тој директно ги координира сите кои се таму одбрани од Влада. Многу е смешно што кога продуцентите ќе наидат на проблем, ни се случи неколку пати, одат пред  Министерството за култура кое нема никакви ингеренции да ни помогне, бидејќи ниту ја избира комисијата ниту го директорот. Тоа е директно од Влада. Владата треба да превземе нешто – тврди Висар Вишар.

Жртва не се авторите, туку делата, пишува и режисерот Антонио Митриќески. Чувството е дека македонскиот филм е заробен во некој маѓепсан затворен круг и дека постојано едни исти автори се фаворизираат, а некои други се маргинализираат. Тозија до сега молчи во врска со распределбата на проектите.

Извор: Алфа.мк