ПравдаСветот на работникот

Семејствата на починатите работници на Гугл 10 години ја добиваат нивната плата

Семејствата на починатите работници - Работник
199views

Гугл е познат во светот како една од компаниите кои најмногу се грижат за своите вработени. Имено, технолошкиот гигант ги сместува во технолошко опремени, угодни канцеларии, давајќи им бесплатни, квалитетни оброци и останати бенефиции некарактеристични за денешното време на злоупотребување на работниците.

Поради тоа не е ни чудно што глобално Гугл е најомилен работодавач, пишува Investitor.me.

Освен останатите привилегии, компанијата вовела и уште една погодност за вработените, односно за нивните семејства во случај на смрт на работниците.

Доколку еден од 34 – те илјади работници на Гугл почине, водвецот или вдовицата ќе добиваат половина од платата на својот починат сопружник.

Децата на починатиот работник исто стекнуваат право на 1,000 долари месечно до навршување на 19 годишна возраст, освен во случај да одат на факултет, па сумата ќе им се исплаќа додека не завршат со школување.

Како што пренел Машбл, од Гугл објасниле дека причината за воведување на овој вид на осигурување за семејствата на работниците не е наменет за привлекување на нови работници, туку тоа е како нуспојава.

Сметаат дека чесно е, доколку дојде до некој несреќен случај со нивните работниците, децата и сопружниците да бидат материјално осигурани.