- Advertisement -
МагазинНовостиСветот на работникот

Семејство од Петриње останало бе работилницата која им била извор на приходи

Фото: Јосипа Козина
148views

На семејството Козина од Петриња, во разорниот земјотрес, како на многумина, им била оштетена семејната куќа, но и работилницата која им била извор на приходи. Сместување успеале да најдат, а и нивната куќа ја поправаат, но за обнова на работилницата во која произведуваат дрвени играчки, побарале помош преку GoFundMe кампањата.

Вања и Јосипа кои имаат две мали деца (четири и шест години), во работилницата изработувале дрвени играчки, а како што Јосипа рекла за Индекс.хр, на дено на земјотресот планирале да ја регистрираат работилницата. 

Advertisement

„Идејата се создаде наназад неколку години, откако станавме родители. Барав алтернативни начини за работа, сакав да бидам дома со децата и во исто време да работа. Се започна пред шест месеци, а на крајот од годината имавме во план да ја регистрираме, но земјотресот во понделеникот на 28 декември не спречи во тоа. Играчките ги изработуваме јас и сопругот (поголемиот дел го работам јас, тој само ги обликува). Сопругот работи, а јас сум невработена“, рекла Јосипа. 

Advertisement

Поради тоа што нивната работилница претрпела голема штета и не е сигурна за работење, побарале донации за да можат да набават контејнер во кој би можеле да ја организираат работилницата. 

„Сакаме да купиме контејнер бидејќи нашата моментална работилница е уништена и е несигурна за работа и истиот би го сместиле во дворот и понатаму би работеле од дома. Пред земјотресот имавме големи планови, и набавка на нови машини на некои проекти, но ете, магнитудата од 6,4 не уназади“, вели таа. 

Додала дека не сакаат да го напуштат Петриња бидејќи се уште се надеваат да подобра иднина. 

„Не планираме да го напуштиме Петриња и покрај се, се надеваме дека моменталната ситуација ќе се сврти во корист на целиот крај и ќе му донесе развој кој требало да се случи после војната“, заклучила Јосипа. 

Извор: Index.hr

Advertisement