МакедонијаСиндикат

Сеуште нема решение за поранешните вработени во Еурокомозит

Сеуште нема решение за поранешните вработени во Еурокомозит - Работник
262views

Претставници на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство – СИЕР и Претседателот на управниот одбор на компанијата „Еурокомпозит“, Тони Петрески, како и претставници на поранешни вработени на Еурокомпозит на кои им е престанат работниот однос и заменикот претседател задолжен за економски прашања, вчера остварија средба.

На средбата се расправало со исплата на заостанати и неисплатени обврски по основ на плати, придонеси од плата, отпремнини и испратнини на вработените.

Од СИЕР за порталот работник рекоа дека незадоволството е големо, па затоа поранешните вработени кампуваат со шатори пред Владата.

Претставниците од Владата, им рекле дека ќе остварат повторно средба со нив во понеделник, но тие се решија да протестираат пред Владата.

Имено, како почетен чекор во надминувањето на проблемите со кои се соочуваат вработените наведено е дека со измените на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, 153 лица од компанијата се згрижени и добиваат месечен надоместок согласно Законот. На овој начин Владата исполни дел од преземените обврски од нејзина страна.

Владата, неодамна истакна дека ќе најде соодветен инвеститор, за да може комбинатот повторно да проработи. Од СИЕР велат дека сеуште немаат информации за тоа кој ќе биде инвеститорот.

Во однос на идното функционирањето на комбинатот, претставниците на СИЕР и на вработените на кои им е престанат работниот однос, беа информирани дека се бара решение со сериозни странски стратешки партнери кои се заинтересирани за инвестирање во „Еурокомпозит 11 октомври“, а на кој начин се очекува да се решат и други прашања поврзани со правата на вработените во комбинатот, односно исплата на дел од заостанати придонеси по основ на работен однос.

На поранешните вработени во Еурокомпозит треба да им се исплатат плати од 2012 до 2019 година, односно за 7 години.

Извор: Бизнис Вести