Македонија

Се асфалтира тротоарот долж улицата „Трифун Бузев“ во Карпош 4

   Време за читање помалку од минута

Општина Карпош започна со асфалтирање на тротоарот долж улицата „Трифун Бузев“ во Карпош 4. Целта на оваа инфраструктурна активност е да се зголеми безбедноста при движење на пешаците, особено на најмладите кои учат во основното училиште „Петар Поп Арсов“.

Оваа улица, неодамна, локалната самоуправа  целосно ја реконструираше.

Исто така, со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот во овој дел на Карпош, Општината е во процес на поставување на „лежечки полицајци“, непосредно до училиштето, на улиците „Волгоградска“ и „Разловечко востание“.