Се бара готвач за теренски работи – Плата над 1,000 евра, службена кола. Ова се неговите обврски

Веројатно многупати досега сте наишле на огласи за работа во кои се бара готвач кој, се подразбира, треба да подготвува храна, односно да работи во кујната на некој објект.

Но, како ви звучи позицијата „готвач за унапредување и развој на продажбата на готвени јадења“? Од лицето вработено на тоа работно место, без разлика дали е маж или жена, се бара теренска работа.

Познатата српска пекара бара работници од разни профили, што е истакнато и на официјалната веб страна, а во овој случај, наведува дека нуди „постојана и сигурна работа во најголемиот ланец на пекари во Србија, службено возило, лаптоп и телефон, редовна и стимулативна плата во износ од 150,000 динари (78,621 денари), како и можност за развој на кариерата и остварување на бонуси“.

Од вработениот, кој би работел во Белград, се бара искуство од пет години на работно место готвач, како и искуство во изработка на рецептури и процес за производство на готвени јадења.

Јасно е дека тоа не може да биде „обичен менаџер“, туку некој кој навистина го знае занаетот. Од друга страна, потребно е да има развиени комуникациски вештини и организациски вештини, потоа способност за планирање, одредување на приоритетите и самоорганизација.

Кога станува збор за степенот на образование, од пекарот се бара да има завршено барем средно стручно училиште, но и да има средно познавање на MS Office. Дополнително, идниот вработен треба да поседува возачка дозвола од Б категорија.

„Теренската работа подразбира обиколка на рестораните со само- услужување во склоп на малопродажните објекти на пекарата, контрола на процесот на работата во нив, како и контрола на квалитетот на произведените јадења. Основната работна задача е унапредување на работата на рестораните низ контрола на работата на објектите, оцена на работата, унапредување на работните способности и готвачите вештини на вработените, унапредување на ресторанскиот дел со предлог и подготовка на нови готвени јадења“, се додава во огласот.

Извор: Telegraf Biznis.rs

Фото: Shutterstock