ЕкономијаМакедонија

Се бара да се отворат хотелите и да се организираат свадби

Се бара да се отворат хотелите - Работник
377views

Туристичките работници вчера на состанок со министерот за економија Кешник Бектеши побарале протоколи за работа на хотелите, отворање на камповите, плажите, рестораните за свадби и игротеките.

Претставниците од туристичко-угостителскиот сектор потенцираа дека во моментов е неопходно да се донесат протоколи за работа на хотелите, за што Министерството за економија ќе ги достави препораките од Европската комисија до Комисијата за заразни болести за нивно носење.

Бектеши им порача дека мерките кои Министерството за економија и Владата ги има донесено за помош на најпогодените сектори ќе продолжат да се реализираат се додека трае кризата.

Извор: Р.С. Европа