ЕкономијаМакедонија

Се бара компанија која ќе го гради клиничкиот центар

Се бара компанија која ќе го гради клиничкиот центар - Работник
209views

Министерство за здравство го распиша тендерот за изградба на новиот Клинички центар на локацијата „Веле Поле“ во општината Ѓорче Петров. Се работи за комплекс објекти што ќе се градат на грин-филд локација, по модел „клуч на рака“.

Оние компании (и домашни и странски), кои ќе учествуваат на тендерот, треба да извршат проектирање, планирање и подготовка на документација, потоа изградба, опремување и управување со информациски систем, медицинска и немедицинска опрема. Исто така, треба да управуваат со трансферот и „преселувањето“ на Клиничкиот центар.

Во огласот за јавна набавка стои дека рокот за реализација е 90 месеци. Новиот Клинички ќе се гради со 500 милиони евра, пари кои ќе се обезбедат преку заем од „Рајфајзен банк“, „Ерсте груп“ и „Уни кредит банка“, пишува Мета.

Целосниот текст можете да го прочитате тука