СветСветот на работникотСиндикат

Се воведоа нови правила за возачите на теретни возила во ЕУ

Се воведоа нови правила - Работник
171views

Возачите на камиони и автобуси ќе можат повеќе време да одмараат додека се на пат и да поминат повеќе време со семејства, посочуваат новите правила кои вчера беа усвоени од страна на Европскиот Парламент, по долгата кампања на европските синдикати за транспорт.

Пратениците ги подржале големите реформи на патничкиот транспортен сектор познати како Пакет за мобилност ќе:

  •  им овозможат на возачите да се враќаат дома на секои три недели и неделно да одмораат во правилни сместувалишта.
  •  ќе ги обврзат возилата да се враќаат во државата на матичната компанија на секои 8 недели, со што ефективно ќе се сопре намалувањето на платите и обврските за социјална сигурност од страна на компаниите – кооперанти.
  • ќе овозможат возачите да земаат плата според појасни правила и поефективно мониторирање на прекуграничните операции.
  • ќе ја зголемат безбедноста на возачите и патниците со поставување на ограничен период за возење и воведување на паметни тахографи за 10 години.

Повеќе од 4 милиони луѓе ширум светот се вработени како возачи на камиони и автобуси во Европската унија. Во 2018 година, 3,310 луѓе погинале во несреќи со тешки теретни возила.

Измените се резултат на три годишната кампања од страна на Европската Федерација за транспорт.