Економија

Се гради нова градинка во Стајковци

Се гради нова градинка во Стајковци-работник
177views

Градежните активности за изградбата на новата детска градинка во Стајковци се започнати и одлично напредуваат. Оваа градинка која претходно со години на жителите во Стајковци им беше само ветувана конечно станува реалност. 

Новата градинка е на површина од 1230 м2, содржи 6 занимални и една група за јасли, а вкупниот капацитет ќе биде повеќе од 140 деца. Им олеснуваме на родителите, кои нема да треба своите деца да ги носат во околните градинки.

Во овој период со проширувањето на детските градинки Морковче и Калника, како и изградбата на новата градинка во Стајковци вкупниот капацитет во детските градинки го зголемивме за нови 220 деца, со што започнавма сериозно решавање на проблемот со листите за чекање при упис во градинките.

Преземено од: фб страна на општина Гази Баба