ЕкономијаСветСветот на работникот

Се затвора фабрика во Унгарија: Илјадници луѓе остануваат без работа

Се затвора фабрика - Работник
197views

Швајцарската мултинационална компанија АББ до крајот на годината, поради малата побарувачка ќе ја затвори фабриката во унгарскиот град Озду, со што ќе се укинат илјадници работни места.

„Одлуката е донесена по темелната анализа на сите расположливи можности во Озду, но посебно поради промената во побарувачката на клиентите“, се наведува во соопштението на компанијата.

Одлуката нема да влијае на останатите делови на работењето на АББ во Унгарија, порачале од компанијата, пренесува порталот Новац.

Затворањето на унгарскиот погон е најнов во низата на потези со кои АББ реагира на слабата побарувачка на клиенти во автомобилскиот сектор и на забавување на активностите во европската и северноамериканската индустрија.

Приходите на АББ во четвртото тромсечје во 2019 година паднале за два отсто на споредлива основа, а оваа година, според процените на управата ќе стагнираат или благо ќе пораснат.

Во јануари компанијата највила укинување на работни места во фабриката во САД.

Претседателот на управата Петер Восег признал дека АББ мора да ги подобри резултатите за да фати чекор со конкурентите како Сименс и Шнајдер електрик.

Во март на должност би требало да стапи новиот извршен директор Бјорн Росенгрен кој ќе осигура поголема автономија на деловите внатре во АББ, специјализирани за електрификација, индустриски погони, индустриска контрола и роботи, додава Ројтерс.

АББ работи во повеќе од 100 земји ширум светот, вклучувајќи ја и Хрватска.