ЕкономијаМакедонија

Се зголемува бројот на приклучоци на „Куманово-Гас“

Се зголемува бројот на приклучоци - Работник
113views

авното претпријатие „Куманово Гас“, лани го зголемил бројот на приклучоци за дополнителни педесетина во однос на претходната година, соопштија денеска надлежните. Освен правни субјекти, минатата година кон дистрибутивната гасоводна мрежа се приклучиле и физички лица.

-Во 2019 година, првпат од основањето на претпријатието, остваривме позитивен финансиски резултат и работевме со добивка од 600.000 денари во првиот квартал. И во останатите квартали се забележува тренд на позитивно работење. Ова се должи на зголемувањето на бројот на приклучоци и зголемената количина на дистрибуиран природен гас, изјави директорот на „Куманово Гас“, Никола Денковски.

Годинава, надлежните очекуваат да се зголеми бројот на нови приклучени физички и правни субјекти. Во тековната година се очекува кон дистрибуциската мрежа да се приклучат станбени едници во населбата „Зелен Рид“ со приближно 200 корисници.

-Останува да го реализираме проектот кој беше врвен приоритет и за претходната година, приклучување на болницата кон мрежата. Мора да истакнам дека доцнеше проектот кој го работи кумановско проектантско биро. Наш врвен приоритет е создавање на технички услови за приклучување на болницата на гасоводниот систем. Тоа значи дека ќе ги исполниме нашите обврски, останува и болницата да си ги доврши своите обврски, додава Денковски.

Надлежното претпријатие „Куманово-гас“ им дава можност на заинтересираните граѓани на 12 месечни рати да го платат приклучокот од осумстотини евра. Општина Куманово во рамките на програмата за намалување на аерозагадувањето нуди и субвенции од 10.000 денари за секој приклучок.

Извор: Лидер