ЕкономијаСвет

Се зголемува сиромаштијата во Латинска Америка и Карибите

Се зголемува сиромаштијата - Работник
61views

Економијата на Латинска Америка и Карибите би можела да забележи пад од 9,1 отсто оваа година поради пандемијата од коронавирусот со зголемување на невработеноста и сиромаштијата, предупредува Економската комисија на Обединетите Нации за Латинска Америка.

Се очекува бројот на невработени во регионот да скокне од минатогодишните 18 милиони на 44 милиони, пренесува Ројтерс.

Процените се и дека сиромаштијата ќе се зголеми за седум процентни поени и ќе погоди дополнителни 45 милиони луѓе.