МакедонијаСиндикат

Се избра нов Претседател на првиот Конгресот на НСО

Се избра нов Претседател на првиот Конгресот на НСО - Работник
903views

Се одржа првиот конгрес на Независниот синдикат на одбраната – НСО којшто е гранков синдикат на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС.

Конгресот се одржа во саботата, на 4 мај и на него се избра првиот Претседател на Независниот синдикат на одбраната. Според одлуката на делегатите за Претседател беше избран Ванчо Исајов кој пред да Конгресот беше В.Д Претседател на синдикатот.

За порталот Работник, Исајов рече дека е благодарен што членовите на синдикатот искажале доверба во него и истакна дека во рамките на неговата должност ќе се бори за унапредување на правата и социјалниот статус на членовите на синдикатот.

„Мило ми е што ми припадна честа да го водам овој синдикат. Како и до сега, и понатаму остануваме да се бориме за унапредување на правата и социјалниот статус на сите вработени во Министерството за одбрана и армијата. на синдикатот. Ние заедно мора цврсто да ги браниме нашите ставови и да придонесеме за заштита на секој наш член“, рече Исајов.

На Конгресот свое обраќање имаше и Претседателот на КСС, Благоја Ралповски кој го поддржа избраниот Претседател и му посака да успее да ги оствари предвидените цели.

Свое обраќање имаа и советникот на Премиерот, Драган Василевски, Претседателот на НСП, Гоце Делчев Тодев и гостинот од српскиот синдикат Независност, Драган Чабриќ.

На Конгресот учествуваа претставници од српскиот синдикат Независност, Претседателот на КСС, Благоја Ралповски, Претседателите на гранковите синдикати на КСС, Претседателот на Независниот синдикат на полицијата, Гоце Делчев Тодев, советникот за одбрана на Премиерот Зоран Заев, Драган Василевски и голем број на делегати.