
Од три до пет проценти се намалил бројот на вработените во текстилната индустрија. Дел од помалите конфекции се затвораат. Освен иселувањето една од причините е повлекувањето на странските партнери.
Демотивираноста на младите и стареењето на вработените во оваа индустрија се главните проблеми и според текстилниот кластер. Од оваа гранка бараат сериозна Стратегија за развој на текстилството, но и поради недостатокот на кадар начин да се оживеат средните текстилни училишта и факултетите. Сметаат и дека државата доцни кога треба да се исполнат барањата на бизнисот.
– „Мерката за субвенционирање на дел од придонесите требаше да стапи во сила уште пред две години во моментот кога ја бараше текстилниот сектор, затоа што сега нема да го даде истиот ефект“, велат од текстилниот кластер.
Целата објава можете да ја прочитате тука