Македонија

Се одбележаа 60 години од постоењето на Машинскиот факултет во Скопје

Се одбележаа 60 години - Работник
395views

Македонското Здружение за заштита при работа е дел од одбележување на: 60 години Машински факултет, 60 години Технолошко металуршки факултет, 60 години факултет за електротехника и информациони технологии, под мотото: „Создаваме иднина“.

Зоран Заев по повод 60 години постоење на Техничките факултети, истакна: ,,Сметам дека областите кои се покриваат со овие факултети се носечките за иднина. Тие се основа за развој, нови вештини, зголемување на конкурентноста на нашата држава. Знам дека странските инвестиции најпрво доаѓаат на факултетите за да ги увидат новите потенцијали и човечки ресурси. Владата и понатака ќе ја дава подршката. Заедно можеме да направиме младите да останат тука и да не прават среќни со нивните идеи, изуми и претприемачки дух”.

Деканот на машинскиот факулетет, Дарко Донев рече: ,,Креативноста, квалитетот и иновативноста во машинството е нашата визија. Високото образование во последните години е на пониско ниво, мораме да се потрудиме да го промениме тоа…Од друга страна, сечиј труд треба да биде вреднуван и соодветно платен”.

Имено, кадарот од техничките факултети е најмногу баран од страна на компаниите.