ПравдаСиндикат

Се одржа летна школа на тема: Демократијата и слободата во Европа и Централна Азија

Се одржа летна школа на тема: Демократијата - Работник
207views

Од 9 до 11 јули 2019 година во Будимпешта, Унгарија се одржа летна школа на тема: Демократијата и слободата во Европа и Централна Азија. На летната школа свој претставник имаше и Конфедерацијата на слободни синдикати.

Во првата сесија на школата се дискутирало за фидбекот од конгресите на Европската и Меѓународната Конфедерација на синдикати, чии презентери биле Генералниот СекДемокретар на ЕТУК и Пан-Европскиот Регионален Совет -Перк, Лука Висентини и заменикот Генерален Секретар на ИТУК, Овен Тудор. Во втората сесија се дискутирало за демократијата и слободата – предизвици, трендови и синдикални акции. Во третата сесија се зборувало за демократија и слободите за држави кои не се членки на Европската Унија (тука влегува и Централна Азија).

Во четвртата сесија се зборувало за демократијата и слободата во Европската Унија;во шестата сесија за Генералното Собрание на ПЕРК; во седмата сесија се дискутирало за платите и кампањите за колективно договорање; во осмата сесија се зборувало за исходите од Конференцијата на Меѓународната Организација на труд и во десетата сесија следувале заклучоци.

На летната школа учествуваа претставници од повеќе синдикати, како и претставници од ИТУК, ЕТУК и ПЕРК.