Македонија

Се одржа настанот по повод Светскиот ден на Безбедност и Здравје при работа

Се одржа настанот по повод Светскиот ден на Безбедност и Здравје при работа - Работник
602views

Пред повеќе од 100 присутни, чинители од областа Безбедност и Здравје при работа, претставник на Министерството за Труд и Социјална политика (г-дин Дарко Дочински), Директорот на Државниот Инспекторат за Труд (г-дин Алајдин Хавзиу), претставникот на Меѓународната Организација наТруд – канцеларија во Скопје (г-дин Емил Крстановски), заменик директорот на бирото за развој на образованието (г-дин Мирван Џемаили), деца од 1-во до 9-то одделение и нивните наставнички, како и директорите од основните училишта ширум државата, претставници на правните субјекти, членови на трите Здруженија и други присутни, во х.Арка, Скопје, со почеток во 13:30 часот, беше одбележан Светскиот ден за Безбедност и  Здравје при Работа 2019 година.

На почетокот на настанот од страна на присутните им беше оддадена почит на настраданите работници на своите работни места.

Членови на комисијата која ги евалуираше пристигнатите апликации на правните субјекти, беа:

1. Светлана Ристовска Антиќ – Организација на работодавачи

2. Горан Сековски – Стопанска комора на Македонија, групација БЗР

3. Ангел Панев – Конфедерација на слободни синдикати

4. Тони Војнески – Државен инспекторат за труд и член на Националниот совет за БЗР

5. Слободанка Таушанова – Државен инспекторат за труд

Согласно одлуката на комисијата, за најдобри практики беа избрани,

Категорија 1 – Услужни дејности (финансиски, информативни, транспорт, трговија, сервисни и други услуги) (дејност со броевите 45–75 од НКД)

1.ТАВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ

2. ЈСП СКОПЈЕ, СКОПЈЕ

3. ДТУ ВИЗАРД СИСТЕМИ ДООЕЛ, СКОПЈЕ

Категорија 2 – Административни дејности(адвокатски,нотарски,сметководствени канцеларии..) (дејност со броевите 77 – 96 од НКД)

1. СУГС ВЛАДО ТАСЕВСКИ, СКОПЈЕ

2. СЕМОС ЕДУКАЦИЈА, СКОПЈЕ

3. СУПОРТ & СОЛУШОНС ЦЕНТАР МК

Категорија 3 – Производствени, земјоделски, рударски, градежни дејности и сл.(дејност со броевите 01-43 од НКД)

А) Мали претпријатија – до 50 вработени

1. РОЈАЛ ВАСЕ ДООЕЛ

2. ЕВН ЕЛЕКТРАНИ ДООЕЛ, СКОПЈЕ

3. ДЕЛТА МКС ДООЕЛ, СКОПЈЕ

Б) Средни претпријатија – до 250 вработени

1. ЕВН МАКЕДОНИЈА АД, СКОПЈЕ

2. КЕМЕТ ЕЛЕКТРОНИКС КМ, СКОПЈЕ

3. МЛЕКАРА АД, БИТОЛА

В) Големи претпријатија – над 250 вработени

1. АЛКАЛОИД АД, СКОПЈЕ

2. ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА ДООЕЛ, СКОПЈЕ

3. ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА

Категорија 4 – Правен субјект кој најмногу инвестирал во безбедноста и здравјето на своите вработени.

МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ, ПРИЛЕП

Извор: Тутела