- Advertisement -
ЕкономијаСиндикат

Се одржува форум за минимална плата во Белград

Се одржува форум за минимална плата - Работник
291views

Во Белград се одржува форум за минималната плата, на кој учествуваат и претставници од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС.

Форумот е под покровителство на Меѓународната Организација на труд – МОТ и Меѓународната Конфедерација на синдикати – ИТУК. На форумот присуствува и Генералниот Секретар на ИТУК, Шаран Бароу.

Advertisement

На форумот се зборуваше за минималните плати и социјалната заштита во Источна Европа, за развој на регионална кампања и се аргументираа синдикалните докази за минималните плати. Потоа следуваше презентација за размена на стратегии за синдикални кампањи и преговарачки стратегии за минимални плати кои ги покриваат основните животни трошоци.

Advertisement
Advertisement

Форумот ќе продолжи и утре, со тоа што ќе има презентација за развој на планот за заедничка работа на национално, регионално и меѓународно ниво. Во дискусијата ќе се разгледа работењето на кампањи, преговори, мултимедиски материјали и изработка на материјали за лобирање.

Покрај Генералниот Секретар на ИТУК на форумот учестува и Антон Лепик од Пан-Европскиот регионален Совет (ПЕРК), Чедранка Андриќ од српскиот синдикат Независност, Љубиша Орбовиќ од Сојузот на Самостојни синдикати на Србија и Магнус Берге од Меѓународната Организација на труд.

Форумот е реализиран од ИТУК во партнерство со ILO-ACTRAV.

 

Advertisement