- Advertisement -
ЕкономијаМакедонија

Се очекуваат поповолни состојби во преработувачката индустрија и зголемување на бројот на вработени

Се очекуваат поповолни состојби - Работник
202views

Раководителите на деловните субјекти во јануари 2020 година, во преработувачката индустрија очекуваат поповолни состојби за обемот на производство во наредните три месеци.

Според Државниот завод за статистика, оценката на деловните субјекти за економската состојба е поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна и во однос на јануари 2019 година. Бројот на вработени се очекува да се зголеми.

Advertisement

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јануари 2020 година изнесува 71,1 отсто од нормалното искористување.

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јануари 2020 година е зголемен за 0.4 процентни поени во однос на декември 2019 година и изнесува 22.6, а во однос на јануари 2019 година е зголемен за 2.5 процентни поени.

Advertisement

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат недостигот на квалификувана работна сила со 25,6 отсто, недоволната странска побарувачка со 17,5 отсто, недоволната домашна побарувачка со 14,9 отсто и неизвесното економско опкружување со 12,5 отсто.

Advertisement