- Advertisement -
ЕкономијаМакедонија

Се очекува намалување на бројот на вработените во преработувачката индустрија

170views

Економската состојба во компаниите во преработувачката индустрија според раководителите во април годинава била понеповолна во однос на претходниот месец и во однос на април 2029 година.

Според објавените податоци состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во април 2020, во однос на март 2020 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени.

Advertisement

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во април 2020 година е понеповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна и во однос на април 2019 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во април 2020 година изнесува 67.0 проценти од нормалното искористување, а најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производствотоимало недоволната странска побарувачка со 18,8 отсто, недостигот на квалификувана работна сила со 18,3 отсто, неизвесното економско опкружување со 15,9 отсто и недоволната домашна побарувачка со 12,9 отсто.

Advertisement

Извор: Лидер

Advertisement