ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Се очекува невработеноста да ја премине границата од три милиони луѓе

Во вториот квартал стапката - Работник
110views

Бројот на невработени, поради кризата предизвикана од коронавирусот, по првпат после пет години би можел да ја помине границата од три милиони во Германија.

На ова предупредил шефот на Сојузната агенција за труд (БА) Детлеф Шеле.

„На лето најверојатно ќе ја пречекориме границата од три милиони невработени“, рекол Шеле за „Зидојче Цајтунг“.

Последниот пат на лето невработеноста била толку висока пред десет години, а пред пет години, гледано на целата година, е забележана толку тешка ситуација на пазарот на трудот.

Шеле се надева дека ситуацијата по летото ќе се подобри. За да бројот на невработени падне на есен неопходно е, според него, сега да се делува со попуштање на рестрикциите воведени поради корона вирусот во гастрономијата и туризмот, светската трговија да стартува и пакетот на мерки за поттикнување на економијата да делува.

Особено тешко корона кризата ги погодува вработените на определено работно време, укажал тој, додавајќи дека расте и невработеноста на младите.

Шеле вели и дека особено се погодени и жените кои веќе заработуваат помалку од мажите.

„Се надевам дека за четири месеци короната нема да го уништи сето она што со децении е постигнато во врска со рамноправноста на пазарот на трудот. Мораме се да направиме за да тоа не се случи“, нагласил тој.