ЗанимливостиНаука

Се потопло и потопло во Европа и на Балканот

Се потопло и потопло во Европа и на Балканот-Работник
221views

Анализата на Европската мрежа за новинарски податоци, покажа дека повеќе од 100 милиони метеоролошки податоци укжуваат дека секој голем град во Европа е потопол во 21-от век отколку што бил во минатото. EDJNet ги анализираше температурните промени од 1900 до 2017 година во повеќе од 500 градови во Европа, од кои седум се однесуваат на Хрватска, односно. во Загреб, Сплит, Риека, Осијек, Славонски Брод, Пула и Задар.

Договорите за климатски промени, како оној во Париз во 2015 година, кога 195 земји се обврзаа за одржување на порастот на температурата до 1.5 ° C се покажаа како нерелевантни и неизводливои, бидејќи дел од европските градови веќе го надминаа ова  ограничување, дури и двојно како што е случајот со Кируна, мал град во најсеверниот дел на Шведска, каде температурата се зголеми за 3 ° C во последните 100 години.

Како еден од показателите за климатските промени е бројот на топли денови во текот на годината, а како параметар за утврдување на просечната температура, која варира од град до град. Иако овие податоци вклучуваат само индикатори за зголемување на температурата, тие се добар показател дека се приближуваме до зададената точка од 1.5 ° C, што ќе остави уште поголеми последици од оние што веќе ги чувствуваме како резултат на климантскте промени.

Глобално затоплување е зголемување на просечната температура на воздухот близу до површината на Земјата и на океаните од средината на 20-тиот век. Глобалното затоплување предизвикува климатски промени, односно постепено затоплување на целата наша планета. Сетоа тоа предизвикува промена на распоредот на дождовите, намалена снежна покривка на северната полутопка, промена на нивото на морињата и океаните и силни влијанија врз луѓето и животните на Земјата.