Се приближуваат односите меѓу овие две земји: Пристигнуваат посебни визи за младите работници

Велика Британија и Нов Зеланд ќе им овозможат на поголем број на млади луѓе подолго да живеат и работат во двете земји.

Британскиот премиер, Борис Џонсон и неговата колешка Џасинда Ардрен, се согласиле да ја продолжат шемата Youth Mobility i Working Holiday. Старосната граница за кандидатите ќе биде зголемена од 30 на 35 години, а максималниот период на престој во овие земји ќе биде три години.

Овој договор е сличен на оној кој се поврзува со Австраија.

Шемата на Обединетото Кралство и Нов Зеланд и претходно била отворена за лица од 18 до 30 години. Министерката за внатрешни работи, Прити Пател, рекла дека овој потег, „ќе им даде на поголем број на Британци и Новозленаѓани прилика да ги развијат своите вештини, да воспостават доживотна врска и да придонесат кон земјата домаќин“.

Ардрен, која во Лондон разговарал со Џонсон, рекла дека Нов Зеланд долго време се залагал за подобрување на т.н. Working Holiday viza.

Извор: Telegraf Biznis

Фото: Pixabay/barni1