- Advertisement -
ЗанимливостиМагазинНаука

СЕ ПРОШИРИ 5G МРЕЖАТА: Кина ќе изгради повеќе од 600.000 основни станици

133views

Кина планира да ја прошири 5G мрежата со тоа што во 2021 година ќе изгради повеќе од 600.000 основни станици и секој седми жител на Кина ќе ја користи во текот на следната година.

„Министерството за индустрија и информатичка технологија на Кина ќе ја подобри изградбата, покриеноста и спроведувањето на  5G мрежата низ Кина во текот на 2021 година“, рече Ксијао Јаинг на прес-конференција, објави „Чајна дејли“.

Како што рече, Министерството ќе работи на оптимизирање и надградба на мрежата, зголемување на бројот на корисници на повеќе од 200 милиони, што е секој седми жител на Кина и на борбата против кршењето на правата и интересите на корисниците на апликациите.