МакедонијаСиндикат

Се работи на нов закон за работни односи, кој треба да ги унапреди работничките права

Се работи на нов закон за работни односи - Работник
259views

Унапредување на работничките права, зајакнување на социјалниот дијалог и колективно договарање, треба да овозможи новиот закон за работни односи за кој повеќе од година и пол разговараат социјалните партнери – државата, работодавачите и синдикатите.

Законските одредби треба да бидат усогласени со европските и светски стандарди, но и јасни и прецизни и договорени низ дијалог со цел да можат да се применуваат и почитуваат.

-Ние како синдикати се залагаме за договори за вработување на определено време само во исклучителни објективни услови со траење до една година, за 38 часовна работна недела, за породилно отсуство до 12 месеци, почитување на уредувањето на платите со закон, но и со колективен договор, за целосно остварување на правото на годишен одмор и почитување на конвенциите за слобода за синдикално организирање, унапредување на колективното договарање и социјален дијалог на сите нивоа, рече претседателот на ССМ Дарко Димовски.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска истакна дека размислувањата на европските и светски синдикални движења одат во насока на баланс, и да се заштитат работничките права но и да се постави флексибилност на пазарот на труд што, како што рече, е важно за економскиот раст.

Лука Винсентини, генералниот секретар на европската конфедерација на синдикати вели дека државата направила доста за работниците во зиминатиот период особено со зголемување на БДП и минималната плата, но оти тоа се уште не е доволно.

– Треба да се понудат квалитетни работни места за младите со цел тие да не ја напуштат државата, но и исто така и платите да бидат на соодветно ниво затоа што ние имаме минимална плата која е на пониско ниво отколку што изнесува потрошувачката кошничка. Исто така она што е битно е почитувањето на колективното договарање особено во приватниот сектор, рече тој, објави Канал 5.

Целосниот текст прочитајте го тука