- Advertisement -
ЗанимливостиМагазинНаука

Се сруши прототип ракетата Старшип на Елон Маск (ВИДЕО)

In this image taken from video posted by SpaceX, the company's Starship becomes engulfed in flames and ruptures upon touching down after a test flight, Wednesday, Dec. 9, 2020, in a remote area of Texas. (SpaceX via AP)
161views

Огромната експериментална ракета изградена од страна на компанијата SpaceX во сопственост на Елон Маск успешно се издигна на 12.8 километри  над тест – центарот во Јужен Тексас, но експлодира при обидот да слета по само неколку минути од обичното тест полетување.

Ракетата беше развоен модел на Starship кој се наоѓаше во рана фаза, за која Елон Маск се надева дека ќе се користи за влечење на масивни сателити во орбитата на Земјата, можност луѓето да патуваат меѓу градовите со огромна брзина,  како и воспоствување на човечка населба на Марс.

Но сепак, огнениот крај не беше тотално неочекуван. На својот твитер профил, Маск напиша дека шансите ракетата да слета безбедно на Земјата се еден од три.

И покрај ваквото завршување на тестот кое траеше шест и пол минути Елон Маск беше воодушевен. Тој додаде дека SpaceX ги добил сите потребни податоци од тестот и заклучи дека оваа фаза од развојот на ракетата е успешна.

 

Видео од полетувањето и падот на ракетата: