Се топи богатството на Илон Маск? Изгуби над 100 милијарди долари за неколку месеци

Најбогатиот човек на светот Илон Маск наводно изгубил третина од своето богатство од ноември 2021 година.

Поконкретно, извршниот директор на Тесла, Илон Маск, загуби повеќе од 100 милијарди долари за помалку од една година.

Богатството на Маск падна за речиси 35%, од 320,3 милијарди долари на 4 ноември минатата година на 209,4 милијарди долари, најмногу поради големиот пад на цената на акциите на Тесла, објаснува Форбс, повикувајќи се на сопствени пресметки.

Само овој месец, богатството на Маск е намалено за 28 милијарди долари, додава магазинот.

„Тој продава автомобили по високи цени, така што рецесијата нема да биде добра за неговиот бизнис“, рече Мет Мејли, главен пазарен стратег во консултантската куќа за инвестиции.

Контроверзните планови на Маск да го купи Твитер и да продаде акции на Тесла ги одбиваат инвеститорите, кои веруваат дека тој се однесува неодговорно.