Светот на работникот

СЗО: Синдромот на согорување ќе се смета за медицинско пореметување на работното место

СЗО: Синдромот на согорување - Работник
250views

Светската здравствена организација го ставила синдромот на согорување на работното место во својот прирачник за Меѓународна класификација на болести (ICD-11).

Ова меѓу другото значи дека здравствените работници од сега синдромот на согорување ќе го дијагностицираат како медицинско пореметување. Споменатиот синдром е последица на стрес на работното место, кој се карактеризира со исцрепеност, недостаток на енергија, недоспиеност, главоболка, намалена ефикасност, како и цинзам и негативност во врска со работата. Амбициите и идеализмот знаат да бидат задушени, а вработените патат од чувство кое им предизивикува да мислат дека помалку вредат.