ЕкономијаМакедонија

Сивата економија го стеснува минималецот

Сивата економија го стеснува минималецот - Работник
225views

Најавите за раст на минималната плата никако да почнат со реализација. Владините претставници и бизнис-заедницата се уште дебатираат околу можностите за раст на минималецот од 12.500 на 13 илјади денари. Економските експерти, пак, велат дека има доволно простор за раст на минималецот за 500 денари, и дека треба да се почитуваат прописите при исплата, бидејќи сега многумина од вработените со минималецот добиваат и дел од платата во плик.

– Истражувањата покажаа дека многумина од вработените што добиваат минимална плата добиваат и плата во плик, што укажува дека кај нив има простор за раст на платата само истата таа треба фактички да се утврди. Со растот на минималната плата наедно ќе се намали и сивата економија – вели економистот Здравко Савевски.
Тој додава дека податокот, според кој дури 60 отсто од вработените што земаат минимална плата примаат остаток од платата во плик, е показател дека има голем број граѓани што можат да земаат поголем минималец, односно повеќе од сумата на која се пријавени, пишува Нова Македонија.

Целосниот текст можете да го прочитате тука