МакедонијаСиндикат

Синдикалната организација на такси превозници ќе оствари средба со Премиерот

Синдикалната организација на такси превозници ќе оствари средба со Премиерот, Зоран Заев - Работник
396views

Синдикалната организација на такси превозници на град Скопје на 23 април ќе оствари средба со Претседателот на Владата на Р. Македонија, Зоран Заев. Средбата е со цел да се изнајдат решенија за барањата, кои синдикалната организација јавно ги искажаа на пресконференцијата, која ја одржаа на 1 април, оваа година

Тие претходно оствариле средби со Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов и Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, од кои им било ветено дека ќе им ги исполнат барањата, но според такси превозниците ветувањата не биле исполнети.

Имено, барањата на синдикатот се: да се сопре нелојалната конкуренција, да не се воведуваат жолти таблички, бидејќи ќе се ограничи користењето на возилото (не ќе може да се патува надвор од Македонија, поради тоа што државата нема склучено договори во таа сфера со некои од соседните држави); полицијата да престане со големите казни поради вонредните технички прегледи, без да даде опомена; да се измени и надополни Законот за патен сообраќај, како и измена на одлуките на град Скопје во делот на такси превозот. Бараат и да се воведат, покрај за возилото, М1 и М2 образци и важечки лиценци или легитимации за секој такси возач, повеќе стојалишта за такси возилата, укинување на новите таксиметри до средување на проблемите во такси превозот, намалување на непотребните услови за добивање на лиценца, како и искоренување на сивата економија.

Зоран Дионисијев, Претседателот на гранскиот Синдикат за Транспорт и Врски, каде што членува синдикалната организација на такси превозници на град Скопје, истакна дека во последниот период биле остварени средби со Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов и Министерот за Транспорт и Врски, Горан Сугаревски, на кои биле запознаени со проблемите на такси превозниците на град Скопје и од нив било побарано да се изнајде решение за излез од оваа ситуација, но очигледно немало повратна реакција од нив. Поради тоа се обратиле до Претседателот на Владата, Зоран Заев.

„Се надеваме дека средбата со Премиерот ќе вроди плод и ќе се изнајдат решенија за настанататите проблеми“, рече Дионисијев.