МакедонијаСиндикат

Синдикалното движење во Холандија бележи забавено опаѓање

Синдикалното движење - Работник
43views

За што служат синдикатите? Доколку ова не е прашањето кое си го поставуваат во најголемиот холандски синдикат ФНВ, како што наближува крајот на годината, тогаш сигурно им е на врвот на усните на сите кои го гледаат нивното бавно, мирно и неодоливо опаѓање.

Од друга страна пак, опаѓањето на холандските синдикати не е ништо ново. Тоа се случува од 1980 -те години. Тие дури знаат и во што е проблемот, но очигледно тоа не им помага. Не успеваат да остварат никаква врска со младите работници, особено оние кои се под 25 години.

Како резултат, целосната нова генерација се придружи на работната сила на прекуокеанските компании и тие немаат никаква идеја за што служат синдикатите, не знаат ништо за нив во однос на секторското претставување, никогаш не им пришле од страна на синдикатите и тие воопшто не се грижат за синдикалното движење.

Владата и работодавачите ќе го гледаат ова опаѓање со интерес, се разбира, подразбирајќи дека Холандија сеуште има социјално партнерство и колективно преговарање и дека синдикатите, додека заслужуваат, ќе бидат во привилегирана позиција во Социјално – Економскиот Совет во државата.

Извор: The Irish Times