СветСветот на работникотСиндикат

Синдикатите во „Ербас“ повикаа на демонстрации по најавеното укинување на 2,300 работни места

Синдикатите во „Ербас“ - Работник
190views

Синдикатите кои ги претставуват вработените во Ербас го одбија планот за укинување на 630 работни места и повикаа на демонстрации.

Раководството на Ербас во Шпанија ги повика претставниците на синдикатите да учествуваат на преговарачки состанок на 3 март. Синдикатите ќе одржуваат состаноци во фабриките за да закажат протести.

Синдикалците ги слушнаа предложените укинувања на 2,362 работни места во Европа, со повеќе од 600 во Шпанија ширум Мадрид, Андалузија и Кастња ла Манча.

Не биле дадени дополнителни објаснувања, но се смета дека овој план ќе влијае врз 332 директни работни места, од кои најголемиот дел се оператори и 298 индиректни работни места.

Европската авио компанија не ги сведе укинувањата на работните места само во Шпанија и побара од синдикатите да преговараат со неа, предлог кој едногласно беше одбиен од страна на синдикатите, вели Хуан Антонио Васкез, претставник од синдикатот УГТ.

Синдикатите нема да преговараат за овој предлог до крајот на јули, кога правниот рок за консултациите истекува, иако тие рекле дена нема да го прифатат предлогот поради тоа што не бил оправдан од страна на компанијата.

Ербас има 12,600 работници во Шпанија.